ВО ХРВАТСКА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ СЕ УБИЕНИ ОСУМ ЖЕНИ Најризична група се жените на возраст од 45 до 55 години

Според полициските статистики, семејното насилство најчесто се случува кон средината на неделата, во среда и според образовниот статус на сторителот, 61,64 отсто имаат завршено средно училиште, 21,92 отсто имаат основно училиште, додека 16,41 отсто се високообразовани.

222

Во Хрватска минатата година беа убиени 19 жени, а осум во првите осум месеци годинава, објавено е денеска по повод одбележувањето на Националниот ден за борба против насилство врз жените и во семејството.

– Минатата година беа пријавени 1.578 кривични дела за семејно насилство, а жените на возраст од 45 до 55 години се со најголем ризик – изјави министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.






Тој додаде дека ќе ја фокусира дополнителната енергија на виртуелна злоупотреба, говор на омраза и насилство преку интернет, против сите форми на дискриминација, сексуално насилство и трговија со жени и деца.

Според полициските статистики, семејното насилство најчесто се случува кон средината на неделата, во среда и според образовниот статус на сторителот, 61,64 отсто имаат завршено средно училиште, 21,92 отсто имаат основно училиште, додека 16,41 отсто се високообразовани.

Индикаторите покажуваат дека во првите осум месеци годинава, вкупниот број случаи на семејно насилство е намален за 16,7 отсто, во споредба со истиот период минатата година, но истовремено бројот е зголемен за 14,7 отсто во споредба со претходната година.

Поврзани содржини