Млада мајка почина синоќа во болницата во Вараждин, Хрватска а директорот на болницата Ненад Куделиќ вели дека состојбата во таа институција е сè уште тешка.
Куделиќ за ХРТ изјави дека во болницата во Вараждин не може да каже дека кривата е скршена и дека веќе три недели бројот на новозаразени е близу 150 и дека притисокот врз болничкиот систем е голем.
Тој рече дека 32-годишна бремена жена која успеале да ја породат, починала во текот на ноќта.
Починала поради компликации, односно тешка пневмонија.
– Просечната возраст на оние кои се лекуваат на одделот за интензивна нега е намалена за 10-15 години – рече Куделиќ и додаде дека причината веројатно е тројна – првата е тоа што починаа голем број стари лица, втората е вакцинацијата на тој дел од популацијата, а третиот е друг вид на вирус што предизвикува потешки клинички слики и кај помлади лица.