Во Холандија спречен терористички напад на пункт за вакцинација

Мажот, наводно сакал да постави експлозивна направа во центарот за вакцинација за да го саботира вакцинирањето.

386

Холандската полиција спречила напад на пункт за вакцинација против коронавирусот во градот Ден Хелдер и привела 37 годишен маж осомничен дека планирал терористички напад, објавило обвинителството, пренесува хрватски Индекс.

Мажот, наводно сакал да постави експлозивна направа во центарот за вакцинација за да го саботира вакцинирањето.






Но нападот е спречен велат од обвинителството.

Осомничениот е приведен на 18 март, а обвинителството деталите за случајот ги објави денеска.

Јавното обвинителство во соопштението вели дека случајот го третира како терористички чин. Дејсвијата на осомничениот имале за цел да создадат голем страв кај населението и да ги дестабилизира економските и социјалните структури на земјата.

Истрагата продолжува поради сомнение за можни соучесници.

Поврзани содржини