Во Холандија дозволена евтаназија и при напредна деменција

375

Врховниот суд на Холандија денеска донесе одлука дека лекарите можат легално да извршат евтаназија на лица со напредна деменција кои претходно во пишана форма изразиле таква желба, дури и ако повеќе не можат да ја потврдат поради својата болест.

Пресудата е пресвртница во холандското законодавство за евтаназија кое досега бараше од пациентите да го потврдат барањето за еутаназија.






Се сметаше дека тоа не е можно кај пациенти со деменција.

Лекарите можат да извршат евтаназија кај луѓе со напредна деменција врз основа на барање поднесено претходно, наведе Врховниот суд во резимето на својата одлука.

Лекарите треба да бидат сигурни дека се исполнети и другите критериуми на неподносливо страдање без никаква надеж за закрепнување.

Пресудата е донесена откако обвинителите покренаа кривична постапка против лекар кој изврши милосрдно убиство во дом за стари лица над 74-годишна жена со Алцхајмерова болест која претходно изразила желба да се евтанизира.

Евтаназијата била извршена со поддршка на семејството на пациентот.

Лекарот минатата година беше ослободен од сите обвиненија, но обвинителите побараа Врховниот суд да донесе пресуда за да се има правен преседан затоа што законот не беше јасен по тоа прашање.

Поврзани содржини