ВО ХАОСОТ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО ЊУЈОРК МОМЧЕ НА ДУШЕК ПУШИ НАРГИЛЕ Урнебесно видео

Момчето зело гумен душек за на плажа и наргиле, па во шорцеви и маица без ракави легнал на него и плови помеѓу зградите.

1,435

Додека од Њујорк, каде е прогласена вонредна состојба, речиси секоја минута стигнуваат страшни снимки од катастрофалните поплави во кои загинаа и 9 лица, едно видео поставено на Твитер успеа да ги насмее корисниците на социјалните мрежи.






Градоначалникот Бил де Блазио изјави дека градот доживеал историско невреме и брутални поплави и ги повика граѓаните да не излегуваат надвор.

Поплавени се метро станиците поради што речиси сите линии се целосно парализирани.

Но, едено момче одлучило да се забавува и не ги послушал упатствата на надлежните. Тој зел гумен душек за на плажа и наргиле, па во шорцеви и маица без ракави легнал на него и плови помеѓу зградите.

Поврзани содржини