🎥 ВО ГВАНТАНАМО СЛЕТА ПРВИОТ АВИОН СО ИМИГРАНТИ Пентагон потврди дека се префрлени десет „многу опасни криминалци“
Пентагон вчера соопшти дека во поморската база Гвантанамо пристигнал првиот авион со илегални имигранти, осомничени дека се членови на групата „Трен де арагуа“ и депортирани од САД.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира потенцијално да смести десетици илјади мигранти во поморската база во Куба.
Трамп рече дека сака Пентагон и Министерството за домашна безбедност да го прошират притворот на мигрантите во базата за да може да прими повеќе од 30.000 мигранти.
Портпаролката на американското Министерство за внатрешна безбедност, Триша Меклафлин, изјави дека во воениот лет за Гвантанамо имало 10 мигранти. Меклафлин ги нарече „многу опасни криминалци“, но одби да даде дополнителни детали.
Кристи Ноем, секретарот за внатрешна безбедност на Трамп, објави фотографии од мигрантите.