Во Грција ќе се откажат панаѓурите до крајот на месецов

314

Откажување на сите традиционални фестивали со жива музика (т.н. панаѓури) до крајот на јули, интензивирање на контролите на копнените граници, како и на сезонските работници кои доаѓаат од соседните земји, се трите мерки кои Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција, ги предлага до грчката Влада.

Комисијата денеска одржа состанок со надлежниот министер за здравство Василис Кикиљас и ги донесе конкретните препораки, откако претходно Владата побара од епидемиолозите да ја разгледаат можноста за забрана на панаѓурите и останатите настани со масовни собири, најмалку до крајот на јули.

Поврзани содржини