ВО ГРЦИЈА ДРАСТИЧНО СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА Болница во Атина врати дел од ковид-мерките

За една седмица, во Грција биле хоспитализирани 575 лица со Ковид-19, а бил регистриран 21 смртен случај.

1,079

Како одговор на зголемениот број на позитивни случаи на заболени од корона, во онколошка болница во Атина одново се воведуваат задолжителната маска во сите внатрешни делови и рапид тестови за лицата кои придружуваат пациенти, како и за оние кои доаѓаат во амбулантите, со цел да се заштитат пациентите, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките, како што соопштија од болницата ќе важат во следните 15 дена и доколку биде потребно ќе се продолжат, а воведени се „поради драстичното зголемување на случаите на коронавирусот во изминатите денови“.






Согласно последниот неделен извештај од Националната организација за јавно здравје на Грција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, објавен во четвртокот, во периодот од 1 до 7 јули регистрирана е зголемена активност на вирусот, зголемување има кај позитивноста на сите тестирани примероци, на хоспитализираните лица, како и на починатите.

За една седмица, со Ковид-19 биле хоспитализирани 575 лица, а бил регистриран 21 смртен случај.

Поврзани содржини