Во Грција 62 починати од ковид-19 и 639 нови случаи
Од новите случаи, 184 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 163 во Солун.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 639 нови случаи на ковид-19, а умреа уште 62 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од новите случаи, 184 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 163 во Солун.
Во грчките болници, во Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се 558 пациенти, шест повеќе од вчера.
Професорите Вана Папаевангелу и Гикас Мајоркинис, кои се членови на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција на денешната редовна конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата рекоа дека иако има намалување на новите случаи, сепак и понатаму здравствениот систем е под притисок и особено се задржаа на претстојните празници, повикувајќи ги граѓаните да бидат особено претпазливи во нивните контакти.
Од почетокот на епидемијата во Грција има 125.173 заразени со ковид-19, а починаа 3.687 лица.