ВО ГРЧКИТЕ ЦРКВИ ВЛЕЗ САМО СО НЕГАТИВЕН ПЦР-ТЕСТ Ако сакаш на миса, плати си тестирање
Можеби на почетокот ќе биде малку тешко, но ќе бидеме истрајни бидејќи сме должни да ги почитуваме сите мерки, вели отец Христос од црквата Свети Спиридон во местото Пиреј.
Негативен ПЦР-тест кој сами ќе си го платат мора да покажат грчките граѓани при влезот во црквите од 18 ноември па наваму, пишува МКД. Владата со мерката сака да ги спречи ширењето на вирусот и рекордните ковид-бројки, а резултатот е помалку луѓе кои доаѓаат на миси во последните месец дена.
– Оваа мерка е воведена за да се заштитиме себе и населението – кажа отец Христос, свештеник во црквата Ајос Спиридон во Пиреј и додаде:
– Можеби на почетокот ќе биде малку тешко, но ќе бидеме истрајни бидејќи сме должни да ги почитуваме сите мерки.
Новинар на Ројтерс денеска решил да го испроба ова и да влезе во четири цркви. Сепак, само на влезот од една од нив му бил побаран тест.
– Не ми се допаѓа оваа идеја, но што да правиме? Се придржуваме до мерките, но црквата е денес празна. На луѓето цената за тестирање им е очигледно превисока, бидејќи во некои случаи на мисите присуствуваат цели семејства – вели една локална жителка.
Хрисула Безентаку за Ројтерс вели дека верува дека луѓето се плашат: „Луѓе не сакаат да прават ни брзи тестови ни да се вакцинираат. Мислам дека сè тоа е психолошко“.
Со истите мерки од 18 ноември, невакцинираните дури ни со негативен ПЦР-тест не можат да влезат во други затворени простори како што се кафулиња, кина, ресторани, музеи … Се чини дека за црквите е направен исклучок.