Во гостиварско свадба со 120 гости, повредени пешак и велосипедист

252

ПРИВЕДЕН СКОПЈАНЕЦ ЗА МАРИХУАНА – На 01.11.2020 во 22.20 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Д.К.(22) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуна. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АЛБАНЕЦ ШТЕТАЛ ВО ТЕТОВО СО МАРИХУАНА – На 01.11.2020 во 19.20 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Ц.(33) од Република Албанија, затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.






СКОПЈАНКА ВО ПАРК ПРИВЕДЕНА ЗА МАРИХУАНА – На 01.11.2020 во 15.40 часот на подрачјето на Карпош, во Градски парк, од полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода А.С.(30) од Скопје, бидејќи кај неа била пронајдена и одземена марихуна. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРАВЕЛЕ СВАДБА СО 120 ГОСТИ, РЕСТОРАНОТ ЗАТВОРЕН На 01.11.2020 во 18.50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и  соодветни поднесоци.

22 БИТОЛЧАНИ КАЗНЕТИ ЗА НЕПРОПИСНО ПРЕСТИГНУВАЊЕ – На 01.11.2020 полициските службеници од СВР Битола извршиле акциска контрола за откривање прекршоци за непрописно престигнување, при што кај 22 возачи е констатирано непрописно престигнување. Откриени се 23 останати прекршоци.

ГОСТИВАРЕЦ СО АВТОМОБИЛ ТЕШКО ПОВРЕДИЛ ДЕДО ОД СКОПЈЕ – На 01.11.2020 во 9.20 часот во Скопје на крстосница од ул.„Наум Наумовски Борче“ и ул.„Аминта Трети“, патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Џ.(30) од Гостивар, удрило во пешак Т.Х.(88) од Скопје. По незгодата Т.Х., бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

СТРУМИЧАНИ НЕПРОПИСНО ПРЕСТИГНУВАЛЕ – На 01.11.2020 во периодот од 10 до 16  часот на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола за откривање на  прекршоци за непрописно престигнување и обиколување. Во акцијата се констатирани 26 прекршоци кои се соодветно санкционирани.

ПОВРЕДЕНИ ПЕШАК И ВЕЛОСИПЕДИСТ – На 01.11.2020 во 19 часот во Скопје на ул.„Скупи“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.К.(28) од Скопје, велосипедист А.Ѓ.(48) од Скопје и пешак С.Ј.(21) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот А.Ѓ., а со телесни повреди пешакот С.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

ТУРЧИН ПРИВЕДЕН ЗА ФАЛСИФИКАТ ИСПРАВА – На 01.11.2020 во 11.40 часот на граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници бил приведен К.Х.(43) од Р.Турција, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик. Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ДВЕ СКОПЈАНКИ КАСНАТИ ОД КУЧЕ – На 01.11.2020 во СВР Скопје, Б.С.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар, била касната од куче скитник. На 01.11.2020 во 19.30 часот во СВР Скопје, М.Д.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Темко Попов“ била касната од куче скитник.

 

Поврзани содржини