Во Гостивар гласаа заболените од ковид-19 и лицата во изолација

145

Во општина Гостивар денеска гласаат 26 лица. Утре правото на глас од дома ќе го остварат 184 лица кои се евидентирани како болни и изнемоштени. Еден пријавен за денешното гласање починал, а еден е во болница.

Според информациите од Општинската изборна комисија Гостивар, една од двете комисии со заштитна опрема денеска излегла на терен и во 13 часот ги донесе првите гласови од лицата заразени со корона вирусот или кои имаат решенија за самоизолација.






– Од прифатените барања на 26 лица, две лица не гласаа. Едното е префрлено на лекување во болница, а другото во меѓувреме починало. Комисијата нема дозвола да оди во болница и да овозможи гласање – појаснува Мустафа Муслиу, претседател на ОИК Гостивар.

Комисијата ги спровела сите подготовки за да се спроведат изборите. Според Муслиу, изборниот материјал ќе биде предаден на одборите утре од безбедносни причини.

– Како комисија и во консултација со полицијата, оценивме дека во некои од избирачките места не е безбедно да се чува избирачкиот материјал, па наместо во среда, ќе поделиме еден ден порано – рече Муслиу.

Поврзани содржини