ВО ГОЛЕМА РАЦИЈА УАПСЕНИ 11 БИТОЛСКИ ДИЛЕРИ Пронајдени разни дроги, оружје, пари…
Пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и повеќе од 20.000 евра – соопшти СВР Битола.
Kриминалистичката полиција на СВР Битола денеска изврши 11 претреси на домови и други простории, под сомнение за вршење недозволено производство и пуштање во промет на наркотични средства и прекурзори, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и повеќе од 20.000 евра – соопшти СВР Битола.
Под сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, уапсени се 11 лица – Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31), сите од Битола. По документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира битолската полиција.