Во Гевгелија се гради социјална зграда со 52 станa

Министерот за транспорт и врски рече дека моментално  се реализираат околу 600 станбени единции за социјално ранливи семејства и категории.

336

Социјалната зграда со 52 стана што се гради во Гевгелија се очекува да биде завршена пред рокот, март  2022 година. Станува збор за за инвестиција во износ од речиси 80 милиони денари, со исклучително големо значење за социјално ранливите категории граѓани од овој град.

Министерот за транспорторт и врски Благој Бочварски кој денеска беше во Гевгелија рече дека  за социјални згради годинава се предвидени повеќе од 130 милиони денари кои очекува да бидат реализирани во целост. Моментално  се реализираат околу 600 станбени единции за социјално ранливи семејства и категории.






– Продолжуваме со посилна динамика и на изградбата во другите градови – изјави министерот.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски најави дека наредната недела ќе стартува изградбата и на социјалната зграда во Велес и ќе се заокружи тендерот за планираната зграда во Пехчево.

– Сите набавки што ги предвидовме очекувам дека ќе ги завршиме најдоцна до март. Силно сме посветени на изградба на вакви објекти и очекувам по завршувување на проектот за сите овие социјални згради во март годинава, да разговараме со банката која го финансира овој проект – изјави Трајковски.

Тој рече дека во тек се преговори за финансирање нов проект за социјални згради и очекува да биде објавен најдоцна до средината на годинава.

Поврзани содржини