Во Германија над илјада смртни случаи од ковид-19

159

Германија за првпат потврди повеќе од илјада смртни случаи за 24 часа од ковид-19, покажуваат податоците објавени од Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

За еден ден, потврдени се 1.129 смртни случаи и 22.459 нови инфекции со коронавирус, според Институтот.






До денеска, најголемиот број смртни случаи во Германија беше потврден минатата среда – 962 случаи. Во Германија, 32.107 пациенти починале  од почетокот на пандемијата.

Институтот Роберт Кох предупредува дека податоците објавени последните денови се нецелосни затоа што санитарните власти на германските сојузни држави не му ги доставиле сите податоци поради Божиќните празници.

Поврзани содржини