Во Германија смее, а во Македонија не смее да има „руски инвестиции“ – па дали сте вие нормални?!

Тој што бог решил да го уништи, прво му го зема умот (quos deus vult perdere, prius dementat).

36,250

Дали сте нормални??!!

Ќе го затвoрале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција!






И ќе го заменеле со грчки Митилинеос, кого нашите енергетски експерти го окарактеризираа како „втор Чебрен“!

Зошто не ѝ кажете на македонската јавност дека спорд Euractiv во Унгарија работат околу 700 руски компании, од кои стотина биле основани по започнувањето на руско-украинската војна?

Исто така, во Германија при крајот на 2022 година, работеле 1.713 компании во руска сопственост.

Задача на државните функционери е првенствено да се грижат за заштита на интересите на сопствената држава (доколку како таква ја чувствуваат), а не да спроведуваат туѓи агенди на штета на виталните интереси на нашите граѓани.

Поврзани содржини