Бројот на заразени и смртни случаи од новиот коронавирус во Германија најверојатно ќе се зголемат во следните недели, според Институтот за инфективни болести Роберт Кох.
– Растот на бројот на заразени во моментов е загрижувачки, особено во сојузните држави Турингија, Бранденбург и Саксонија-Анхалт – изјави Уте Рекрот од Институтот.
Германските здравствени власти соопштија за нов рекорд на новозаразени со ковид-19 – 23.679 случаи во последните 24 часа. Во земјата до сега имало вкупно 1.242.203 случаи на Ковид-19. Бројот на смртни случаи се зголемил за 440 на 20.372.
Статистичките податоци од последните недели покажуваат сериозно зголемување на смртноста: 240 жртви од 26 до 29 октомври; 449 жртви од 2 до 5 ноември; 693 жртви од 9 до 12 ноември; 885 жртви од 16 до 19 ноември; 1.138 жртви од 23 до 26 ноември; 1.479 починале од 30 ноември до 3 декември и 1.600 починале од 7 до 10 декември.