Во Германија ќе се казнува палење странски знамиња

182

Во Германија во иднина ќе биде забрането палење странски знамиња или знамиња на Европската унија, одлучи синоќа германскиот Бундестаг.

„Кој во Германија во иднина јавно ќе запали знаме на странска земја или ЕУ, може да му се изрече казна затвор до три години“, се вели во законот, усвоен од членовите на Бундестагот.






– Палењето на знамиња во јавност нема никаква врска со мирни протести. Овие дела поттикнуваат омраза и агресија – оцени министерката за правда, Кристин Ламбрехт.

Повод за овој закон се провокациите на протестите во Берлин, каде пропалестински демонстранти палеја и уништуваа израелски знамиња.

Досега кривично гонење имаше само за навредување и уништување на германските државни симболи.

Поврзани содржини