Во Германија 955 заболени со ковид-19 за еден ден

409

Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со ковид-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај.

Пандемијата во Германија главно е ставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат на новите случаи на зараза.






Институтот за заразни болести Роберт Кох оцени дека порастот на новозаболеми лица е последица на непридржувањето на правилата за физичка дистанца, како и на пристигнувањето на патници од странство.

Во Германија досега се потврдени 209.653 сличаи на новиот коронавирус, а починале 9.148 луѓе.

Поврзани содржини