Во Газа фрлена бомба што е забранета и од која се топи човечкото месо? (ВИДЕО)

Друг важен фактор е способноста на оваа супстанција спонтано да се запали при интеракција со кислород во воздухот. Кога гори, белиот фосфор ослободува густ отровен чад, што исто така предизвикува изгореници на внатрешниот респираторен тракт и труење на телото.

1,075

На социјалните мрежи се појави видео со ракетирање на Појасот Газа, а за кое се тврди дека е доказ дека Израел ја ракетирал палестинската територија со фосфорна бомба.

Видеото објавено на Твитер покажува два дима на местото на нападот, црн и бел, за што корисникот на социјалната мрежа кој го објави видеото тврди дека е доказ дека Израел фрлил фосфорна бомба, а која е забранета со Женевската конвенција во 1980 година и тврдењето за тој тип на бомба не е потврдена.






Меѓу сите запаливи материи што се користат во запалива муниција, белиот фосфор зазема посебно место. Ова се случува поради неговите уникатни хемиски својства и пред се поради температурата на согорување, која достигнува 800-1000 степени Целзиусови.

Друг важен фактор е способноста на оваа супстанција спонтано да се запали при интеракција со кислород во воздухот. Кога гори, белиот фосфор ослободува густ отровен чад, што исто така предизвикува изгореници на внатрешниот респираторен тракт и труење на телото.

Доза од 0,05 до 0,1 грама е фатална за луѓето, а во зависност од количината таа топи човечко месо.

 

Поврзани содржини