ВО ГАЗА ДОСЕГА 1.417 УБИЕНИ, ОД КОИ 447 ДЕЦА Црн биланс на израелските напади

Од саботата, кога почнаа израелските воздушни напади на Газа, ранети се 6.268 лица, соопшти Министерството за здравство на палестинската управа.

377

Властите во Газа денеска објавија ажурирани податоци за убиените во израелските воздушни напади, јавува Скај Њуз.

Според локалното Министерство за здравство во изминативе денови загинале 1.417 луѓе, меѓу кои и 447 деца и 248 жени.






Во соопштението се наведува и дека од саботата, кога почнаа израелските воздушни напади на Газа, ранети се 6.268 лица.

„Здравствениот систем почна да колабира. Бројот на повредени лица е поголем од клиничките можности на болниците, дури и откако тие беа проширени и повредените се сместени во ходниците“, се вели во денешното соопштение на Министерството за здравство на палестинската управа.

Израелската воздушна кампања против Газа почна по ненадејниот и силен напад на Хамас врз Израел, при што убиени се повеќе од 1.300 Израелци.

Поврзани содржини