ВО ФУНКЦИЈА Е ПРОДУКТОВОРДОТ СКОПЈЕ – СОЛУН Трговците со енергенси можат да ги користат неговите услуги

Друштвото „Вардакс“ кое управува со овој инфраструктурен објект соопшти дека сите постапки за инспекција на продуктоводот се завршени..

133

Повторно во функција е продуктоводот Скопје – Солун. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања, информираат од друштвото „Вардакс“ кое управува со овој инфраструктурен објект.

Оттаму ги повикуваат квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата.

Претходно Министерството за енергетика и рударство соопшти дека се завршени техничките инспекции на продуктоводот.

Продуктоводот  Солун – Скопје беше пуштен во функција во 2002 година за пренос на сурова нафта, а по 2013 година беше предмет на инвестиции за негова пренамена во инфраструктура за транспорт на дизел гориво.

Станува збор за систем во должина од 213,5 километри. Инфраструктурата располага со 15 блок-вентил станици за подобрено управување и високо ниво на безбедност, складишни капацитети од 80.000 кубни метри во Грција и 30.000 кубни метри во земјава, како и современ SCADA систем за следење на притисок, температура и проток во реално време.

Поврзани содржини