Во Франција се регистрирани 437 нови смртни случаи од ковид-19
Во моментов на болничко лекување поради зараза од ковид-19 се наоѓаат 28.055 лица, од кои 4.608 се тешки случаи и се на интензивна нега.
Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 437 нови смртни случаи од ковид-19, јави дописникот на МИА.
Вкупно во болниците и домови за нега на стари лица починале 23.293 лица. Во моментов на болничко лекување поради зараза од ковид-19 се наоѓаат 28.055 лица, од кои 4.608 се тешки случаи и се на интензивна нега.
Бројот на хоспитализираните и на интензивна нега се намали во изминатите 24 часа, сепак шеснаесетти ден по ред има намалување на лицата на кои им е потребна болничка нега.