ВО ЕВРОПА СНЕМУВА КЕРОЗИН ЗА АВИОНИТЕ Европската комисија бара земји подобро да се координираат за да се избегне недостиг
Достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на нафта мора да биде на максимум, за да се задоволи моменталната побарувачка, особено за гориво за авиони, бидејќи приближно 40 проценти од нашата потрошувачка на гориво за авиони се увезува, а околу половина од целиот увоз поминува низ Ормускот Теснец, се вели во препораката на ЕК.
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европска Унија заедно да работат, за да се избегне недостиг на керозин за време на претстојната сезона на летни одмори.
„Достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на нафта мора да биде на максимум, за да се задоволи моменталната побарувачка, особено за гориво за авиони, бидејќи приближно 40 проценти од нашата потрошувачка на гориво за авиони се увезува, а околу половина од целиот увоз поминува низ Ормускот Теснец“, се наведува во препораката на ЕК.
ЕК посочува дека е потребно координирано следење и потенцијално колективно дејствување, за да се зголеми постојното производство на европските рафинерии, вклучително и преку координирано и навремено ослободување на резервите за итни случаи.
Лидерите на ЕУ утре на Самитот на Кипар ќе разговараат за препораката на ЕК.
Според податоците на ЕК, по почнувањето на војната во Иран, ЕУ потроши дополнителни 24 милијарди евра за увоз на енергенси поради зголемувањето на цените.
Пред меколку дена извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Фатих Бирол, предупреди дека во Европа за околу 6 недели ќе се појави сериозен недостиг на гориво за авиони доколку не се обнови снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. Според него, набрзо ќе почнат да пристигнуваат вести за откажани летови меѓу европските градови како директна последица на овој недостиг.