Во Европа рекорден број заразени од ковид-19, се воведуваат построги мерки

188

Европа, соочена со вториот бран на коронавирус, го надмина прагот на 250.000 смртни случаи. За една недела се забележани повеќе од 8.000 смртни случаи, што е најтешкиот неделен биланс од средината на мај.

Бројни европски земји се обидуваат да се заштитат со воведување построги мерки.






Рекорден број на случаи на ковида-19 се забележани во Франција за време на викендот, а поради зголемувањето на бројот на заразени, во саботата беше воведен полициски час од 21 до 6 часот наутро, што ќе трае најмалку еден месец, пренесува Би-Би-Си и додава дека секој што ќе го прекрши, мора да има валидна причина за тоа или да плати казна од 135 евра.

Од денеска, сите барови и ресторани во Белгија се затворени четири недели, а полицискиот час е во сила од полноќ до пет наутро.

Исто така, воведена е забрана за продажба на алкохол по 20 часот.

Швајцарија воведе задолжително носење маски на сите затворени места, како и забрана за собирање на повеќе од 15 лица на едно место.

Поврзани содржини