Во Европа летово ќе има колективен имунитет

708

Континентот може да постигне колективен имунитет против коронавирусот во рок од три до четири месеци. Ова го  изјави денес извршниот директор на германската фармацевтска компанија Бионтек, Угур Сахин, која ја разви вакцината против ковид-19 со американскиот партнер Фајзер.

Колективниот имунитет првично нема да вклучува деца, бидејќи досега вакцината е одобрена само за лица постари од 16 години. Сахин истакна дека податоците на луѓето кои примиле вакцина покажуваат дека имунолошкиот одговор слабее со текот на времето и дека најверојатно ќе треба да примат трета доза од вакцината.

Поврзани содржини