Во ЕУ се спроведува политиката на Мусолини
"Сите во државата, никој надвор од државата", тоа е мото на фашистичкиот водач на Италија.
Сите овие затворања на државите од ЕУ и барањата за воведување на некаков си ковид-пасош, се, всушност, реализација на политиката на фашистичкиот водач на Италија, Бенито Мусолини.
Имено, откако ја освоил, или поточно ја презел власта, Мусолини во 1922 г. ја образложил својата програма. Во таа програма главниот слоган бил: „Сите во државата,никој надвор од државата”.
Ако, пак, внимателно ја погледенете биографијата на Мусолини, како впрочем и биографијата на најголемиот број фашистички водачи, ќе забележите дека најголемиот број од нив во својата младост биле опседнати со социјалистичките идеи. Најголемиот број членови на Национал-социјалистичката германска работничка партија на Адолф Хитлер биле разочарани социјалисти. И не попусто, мудриот Хајек, своевремено, тврдеше дека фашизмот настанал како резултат на нереализираниот комунистички проект.
Во таа смисла, хрватскиот социолог и долгогодишен партиски функционер во поранешна СФРЈ, Стипе Шувар, во едно интервју од 1994г., одговарајќи на прашањето кој ја растури Југославија, ќе рече: “Поранешните коминисти а сегашни националисти и фашисти”. “Со еден збор, вели Шувар, ја растурија, оние коишто цело време тврдеа дека тие ја направиле“.
(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)