Во ЕУ најскапа за живот е Данска, а најевтина е Бугарија
Ова се податоци од Европската статистичка служба Евростат. Потрошувачките цени во Данска се 141 % над просекот во ЕУ, додека Бугарија со 53% е најповолна.
Голема е разликата во цените на стоки и услуги во земјите од ЕУ. Најскапа во 2019 та година била Данска, а најевтина Бугарија.
Ова се податоци од Европската статистичка служба Евростат. Потрошувачките цени во Данска се 141 % над просекот во ЕУ, додека Бугарија со 53% е најповолна.
Бугарија има најевтин алкохол и тутунски производи – 62% во однос на просекот на Унијата.
Бугарските хотели и ресторани нудат најниски цени – 45% во однос на европскиот просек, облеката во Бугарија е на ниво од 79% во однос на просектот на ЕУ, додека во Данска е 132% од просекот.
Што се однесува до електронските апарати, тие во Бугарија се на ниво од 92 %, во однос на просекот на ЕУ.