ВО ЕУ ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ КОГА ЌЕ Ѝ БИДЕМЕ ПОТРЕБНИ Солза Грчева ги коментира уставните измени и евроинтеграциите
Во оној момент кога ЕУ ќе почувствува потреба, а мислам дека ќе почувствува потреба поради стравот и паранојата од руското влијание, во тој момент без прифаќање на уцени од Бугарија, која тогаш ќе биде ставена на споредна лента, ќе бидеме примени. Според тоа, Пендаровски да размисли до кое дереџе СДСМ ја доведе Македонија, смета Грчева.
Македонија ќе влезе во Европската Унија во еден пакет со земјите од Западен Балкан кога Унијата ќе почувствува потреба и страв од руското влијание, смета Солза Грчева. Во гостување во „Само Вистина“ таа рече:
– Заблуда е дека СДСМ е единствена партија која може да ја однесе Македонија во Европската Унија. Значи во Европската Унија ќе влеземе тогаш кога Унијата ќе одлучи дека сме ѝ потребни, кога за тоа ќе види геополитички интерес. Видовме дека многу земји се ставени на брзата лента, Украина, Молдавија, Грузија и други. Во оној момент кога ЕУ ќе почувствува потреба, а мислам дека ќе почувствува потреба поради стравот и паранојата од руското влијание, во тој момент без прифаќање на уцени од Бугарија, која тогаш ќе биде ставена на споредна лента, ќе бидеме примени. Според тоа, Пендаровски да размисли до кое дереџе СДСМ ја доведе Македонија.
Таа вели дека и во Македонија „почнавме и малите деца да ги плашиме со патриотизам“.
– Не знам како Пендаровски прифатил да биде кандидат за Претседател на СДСМ кога таа влада е најлошата до сега по сите светски параметри. Ние почнавме и малите деца да ги плашиме со патриотизам. Се поставува дилемата ако си патриот си назаден, ако си растури куќа и постојано крадеш, те означуваат како ужасно корумпирано општество и влада, тогаш имаш можност да ја однесеш државата напред. Ова што нам ни се нуди е неприфатливо, имавме лоша дипломатија и ако ние треба да прифатиме уцени што ни испорачува Бугарија треба да знаеме дека оваа не е последна уцена, туку само влезница.
Во врска со „брзата трака за ЕУ“ со барањето за уставни измени Грчева коментира: