ВО ЕУ 250 МИЛИОНИ ГРАЃАНИ ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ Нова цел е имунизација на 70 отсто од возрасните

Eвропската комесарка за здравство Стела Киријакидис истакна дека ЕУ смета дека вакцинацијата е најефикасното средство за борба против новите варијанти на коронавирусот. 

197

Европската унија ја заврши целосната вакцинација со две дози на 250 милиони свои граѓани, соопшти европската комесарка за здравство Стела Киријакидис преку Твитер.

„250 милиони граѓани се целосно вакцинирани во Европската унија – важен нов чекор кон нашата цел да вакцинираме 70 отсто од возрасната популација“, напиша таа.






Киријакидис истакна дека ЕУ смета дека вакцинацијата е најефикасното средство за борба против новите варијанти на коронавирусот.

 

Поврзани содржини