ВО ЏЕНОВА ДО 2023 Шевченко ќе биде новиот тренер на Пандев

400

Поранешниот селектор на украинската фудбалска репрезентација Андриј Шевченко ќе потпише договор со Џенова до 2023 година со опција за продолжување на уште една сезона, соопшти новинарот Николо Шира.

Тренерот ќе заработува 1,8 милиони евра годишно во Џенова, плус бонуси.






Во стручниот штаб на Шевченко ќе бидат Андреа Мулдера и Мауро Тасоти, кои соработуваа со него во репрезентацијата на Украина.

Четириесет и петгодишниот Шевченко ја водеше украинската репрезентација од 2016 до 2021 година.

Џенова за која настапува Македонецот Горан Пандев, по 12 натпревари во Серија А има само една победа, шест нерешени средби и пет порази и се наоѓа на 17. место на табелата. 

Поврзани содржини