Во Египет пронајдени 27 дрвени мртовечки ковчези стари 2.500 години (ВИДЕО)
Како што објавија локалните медиуми, 13 ковчези биле откриени на почетокот на овој месец, а потоа биле пронајдени уште 14 исти такви.
Во древната египетска гробница Сакара, археолозите откриле вкупно 27 сакофази, кои, верувале или не, се стари повеќе од 2.500 години и никогаш не се отворени.
Како што објавија локалните медиуми, 13 ковчези биле откриени на почетокот на овој месец, а потоа биле пронајдени уште 14 исти такви.
Инаку, станува збор за добро сочувани дрвени ковчези со живописни бои, како и други помали артефакти.
Во соопштението на египетското Министерство за антиквитети се наведува дека првобитните истражувања покажуваат дека ковчезите се целосно затворени и дека не се отворени откако биле закопани.