Поранешните сопружници Бред Пит и Анџгелина Џоли сè уште се борат околу старателството над нивните шест деца, а како одминува времето, ситуацијата станува сè понапната.
И, додека можеби многумина помислија дека овој мачен процес ќе заврши наскоро, Бред Пит и Ангелина Џоли од рочиште во рочиште нè уверуваат во спротивното.
Нивниот соживот, за доброто на децата, не успеал. Холивудската двојка се разведе пред четири години.
Во едно интервју, Анџелина открила дека е во многу тешка психичка состојба и дека сила и енергија ѝ пружаат децата.
– Мојата сила доаѓа од моите деца. Сите родители знаат дека во нив постои таа сила која постојано расте. Не знам од каде потекнува мојата вера, но сигурна сум дека се наоѓам во преоден период. Тоа е како да се враќам на моите корени, а се изгубив себеси. Мислам дека започна кога се ближеше крајот на мојата врска со Бред – рекла Анџелина.
– Тоа беше комплициран период, не можев самата да се препознаам, станав мала, речиси безначајна. На крајот, се соочив и со некои здравствени проблеми. Сето тоа ме потсети дека сум среќна што сум воопшто жива – изјавила Ангелина
Сепак, поради своите деца, таа се труди да истрае во сè.
– Понекогаш ми е толку тешко да се соочам со животот затоа што се чувствувам како да тонам, но тогаш се велам дека поради моите деца морам да останам силна. Тие мора да имаат некој на кого може да се потпрат кога им е тешко и затоа таа поддршка мора да биде цврста и не смее да се урне – додала актерката.