📽️ ВО ЕДЕН МЕСЕЦ ПО ВТОР ПАТ ГО УРНА РЕКОРДОТ Дуплантис „прелета“ 6,26 метри во скок со стап

Дуплантис има 24 години, тој е двократен олимписки шампион и двократен светски шампион.

274

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап.

Денеска во полски Хожов победи во Дијамантската лига со резултат од 6,26 метри. Ја достигна висината на вториот обид.






Така, Дуплантис го надмина сопствениот светски рекорд поставен во август на Олимписките игри во Париз. Таму го освои златото со скок од 6,25 м.

Дуплантис има 24 години, тој е двократен олимписки шампион и двократен светски шампион.

 

Поврзани содржини