Едно малолетно лице од Скопје е приведено откако кај него бил пронајден електро-шокер, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму посочуваат дека лицето е приведено по Законот за оружје, член 80, став 3.
„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, се наведува во соопштението на МВР.