Посетителите на хрватската плажа Копакабана во Дубровник претрпеле голем страв изминатиот викенд, откако на тој предел во морето забележале ајкула.
Порталот „Дубровачки дневник“ објави и видеоснимки на кои се гледаат перките од ајкулата во водата.
Во видеото, се забележува како ајкулата „слободно“ плива во близина на брегот, каде присутните зачудено гледаат во која насока ќе оди.
Оние што биле на плажата во тоа време, не смееле ни да мислат да влезат во морето, а оние што веќе се капеле, полицијата која исто така била присутна таму, ги повикала да излезат од морето.
Наводно станува збор за сина ајкула, односно врста која ретко ги напаѓа луѓето.
ФОТО: Dubrovački dnevnik