ВО ДРУШТВО НА БАНГЛАДЕШ, ИНДИЈА И ПАКИСТАН И денеска дишеме отров!

Податоците од мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина покажуваат дека Скопје и Кавадарци утрово се најзагадени градови во Македонија. 

403

Скопје денеска е втор најзагаден град во светот, на листата на „air visual“. Пред него е само Дака во Бангладеш.

Податоците од мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина покажуваат дека Скопје и Кавадарци утрово се најзагадени градови во Македонија.






Овие два града се обоени со виолотева боја што укажува на многу високо загаден воздух. Високо загаден е воздухот во Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево.

Струмица, Гевгелија, Кочани и Велес се со средно загаден воздух.

Инаку, Струмица и Тетово два дена по ред имаа екстремно загаден воздух.

Поврзани содржини