Во Дрезден се отвора посебен објект за лица кои одбиваат да бидат во карантин

Идејата за присилна изолација на поединци кои одбиваат карантин не е нова. Министерката за здравство Петра Купинг уште лани пролетта изјавила дека таа мерка е можна. Сепак, во краен случај станува збор за потег за кој е потребна судска одлука.

212

Во Германија власта сака да отвори објект за прифаќање на лицата кои не сакаат да бидат во карантин.

Според тамошното министерство за внатрешни работи, на подрачјето на Дрезден се планира да се отвори објект во кој би требало да бидат сместени лица кои се противат на карантинот.






Владата го разгледува сместувањето на тие лица во болница, но сите капацитети се потребни поради пандемијата.

Објектот кој се планира да биде за таа намена во Дрезден изграден е во 2016 година како прифатен оддел за баратели на азил. Меѓутоа се уште не е користен за таа намена. Засега е непознато кој ќе биде сместен во објектот. Според информации од тамошното МВР нејасно е колку луѓе може да бидат примени во зградата. Локалното радио  MDR SACHSEN јавува дека повеќе онформации би требало да се знаат во понеделник по инспекцијата на објектот.

Идејата за присилна изолација на поединци кои одбиваат карантин не е нова. Министерката за здравство Петра Купинг уште лани пролетта изјавила дека таа мерка е можна. Сепак, во краен случај станува збор за потег за кој е потребна судска одлука.

– Во пракса, надлежниот здравствен оддел првично воспоставува карантин. По ова следи предупредување и, ако и натаму има отпор – парична казна. Дури потоа следуваат правни постапки – изјавила тогаш Купинг.

Поврзани содржини