ВО ДОМОВИТЕ НЕМА МЕСТО ЗА НАЈГОЛЕМАТА БОЛКА НА СТАРОСТА – ОСАМЕНОСТА Сѐ повеќе пензионери се одлучуваат за живот во дом
Иако кај нас сѐ уште постојат предрасуди кон сместувањето на возрасните лица во дом, сѐ повеќе возрасни лица и сами се одлучуваат да го продолжат животот во домови за стари, каде што не мора повеќе да се грижат за ништо, а најголемата придобивка е тоа што повеќе не се осамени
Пензионирањето ни изгледа одлично, имате многу слободно време за патување, истражување на ново хоби и поврзување со пријателите. Но, ако сте како многу возрасни лица, вашето пензионирање можеби нема да биде толку исполнето како што некогаш сте замислувале.
„Преселувањето во дом за постари лица нуди возбудливо ново поглавје во животот на една личност. Без разлика дали сакате да го вкусите добриот живот во безбедна средина или ви треба помош при секојдневните активности, нашите домови за стари лица „Феникс“ постојано се менуваат за подобро да им служат на своите резиденти“, вели Методија Стевановски, менаџер на домовите за стари лица „Феникс“.
Тој додава дека „Феникс“ се единствениот синџир старечки домови во земјава, а оваа дејност во Македонија почнува де се развива некаде пред 20-тина години бидејќи целиот Балкан е место каде многу често доминираат предрасудите и многу луѓе на прво споменување создаваат негативна слика за домовите за стари лица.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.