Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06 јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста африканска свинска чума во две одгледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи.
Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.