ВО ДЕКЕМВРИ СОБРАНИ 13.000 ТОНИ ЃУБРЕ Од диви депонии отстранети 2.200 тони градежен шут

44

Во текот на декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13.000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и од контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје.

Екипите на претпријатието отстранија и 2.200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.






Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници. Најголем број на записници, вкупно 85, се врачени во скопската општина Kарпош.

 

Поврзани содржини