ВО ДЕБАР И ВО ЦЕНТАР ЖУПА УТРЕ ЌЕ ГЛАСААТ 92 БОЛНИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА Правото ќе го остварат во домашни услови
Како комисија ги имаме преземно сите потребни активности, изборниот материјал е пристигнат и истиот ќе го распределиме во текот на утрешниот ден, рече за МИА, Јованка Јосифовска, потпретседател на комисијата.
Во општините Дебар и Центар Жупа утре 92 болни и изнемоштени лица, треба да го остварат правото на глас во домашни услови.
– Треба да гласаат 80 болни и изнемоштени лица. Барање, имаа доставено 83 лице, но, по разгледувањето, три од нив не беа прифатени поради некоплетна документација. Како комисија ги имаме преземно сите потребни активности, изборниот материјал е пристигнат и истиот ќе го распределиме во текот на утрешниот ден – рече за МИА, Јованка Јосифовска, потпретседател на комисијата.
На последните локални избори, во октомври 2021 година, во оваа општина беа доставени 21 барање, беа прифатени 20 колку што болни и изнемоштени лица го остварија правото на глас.
Според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, во општина Центар Жупа доставени биле 12 барања и сите се прифатени, што значи дека утре толку болни изнемоштени лица треба да гласаат. Во 2021 година во оваа општина, за гласање во својот дом беа пријавени 18, одбиено беше едно барање па гласаа 17 лица.