ВО ЧЕТВРТОК И ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ РАЗВЕДРИ Денеска ќе имаме облаци и малку сонце

Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура ќе биде без позначителна промена.

112

Денеска нè очекува променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи.






Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура ќе биде без позначителна промена.

 

Поврзани содржини