ВО БУГАРИЈА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЕМА Пратеникот на ГЕРБ тврди дека по тоа прашање компроси нема да се прават
Емил Радев од ГЕРБ порача дека идејата за некакво македонско малцинство во Бугарија, потекнува од европската екстремна левица.
Бугарскиот пратеник од редовите на ГЕРБ, Емил Радев, апелираше до колегите од Европскиот парламент да не се обидуваат да ја промовираат темата за постоењето на македонското малцинство во Бугарија. Како што вели тој, во неговата земја нема македонско малцинство.
Тој порача дека идејата за некакво македонско малцинство во Бугарија, потекнува од европската екстремна левица.
-Во Бугарија нема македонско малцинство и тоа е став околу кој не треба да се дозволуваат компромиси. Очекувам дека јас и моите бугарски колеги во ЕП едногласно да го браниме тој став, без разлика на нашите политички убедувања и разлики. Поигрувањето со темата, која си ја дозволува екстремната левица на популисти како ирската пратеничка Клер Дејли, во најмала рака е во спротивност со вистината и во суштина претставува неправеден и пристрасен напад против нашата земја, посочил бугарскиот политичар – изјави Радев.