Во Босна не веруваат колку гласови на изборите освоила инфлуенсерката со 177.000 обожаватели ФОТО

1,439

На Инстаграм ја следат 177.000 луѓе, но кога требало да го заокружат нејзиното име на изборите во Босна и Херцеговина, тоа го направиле само 88 луѓе, пренесува „Индекс.хр“.

Инфлуенсерката Емина Јахиќ (22) била кандидатка на Демократскиот фронт за советот на општината на Тузла.






Нејзината кандитатура предизвикала големо внимание на ширум Балкан, а медиумите пренесуваа дека на изборите ќе учествува девојка со 170.000 следбеници. Иако некои веруваа дека со таква база на обожаватели, таа без сомнение ќе влезе во Градскиот совет, се покажало дека само 88 луѓе гласале за неа, пишува „Дневни аваз“.

– Еден од проблемите на кои сакам да се фокусирам, а со кој многумина се сретнуваат, е стекнување на првото работно искуство како предуслов за понатамошно вработување. Во наредниот период сакам да ги слушнам вашите проблеми и предлози за да можеме со заеднички сили да се избориме за своите права и да ја подобриме својата положба во општеството. Покрај тоа, ќе работам и на подобрување на условите за живот на сите нас во месните заедници кои му припаѓаат на градот Тузла и со ваша помош ќе направам од нашата Тузла подобро место за живот – зборувала Емина пред изборите, но се чини дека тоа не наишло на оддек во јавноста.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahić (@emiinajahic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahić (@emiinajahic)

Поврзани содржини