Во Бордо на приватните собири смеат да бидат до 10 лица, а на јавните до илјада

Забрането е консумирање алкохол на јавните патишта. Забрането е и емитување музика на јавни места и организирање на игранки.

221

Префектот на Нова-Аквитанија побара од семејствата да ги ограничат приватните собири до 10 лица, додека јавните собири се ограничени на 1.000 лица, како дел од борбата против ширењето на коронавирусот – јави дописникот на МИА.

Соочен со повторното активирање на случаите во регионот на Нова Аквитанија, префектот најави забрана за консумирање алкохол во баровите и рестораните во Бордо. Исто така, забрането е консумирање алкохол на јавните патишта. Забрането е и емитување музика на јавни места и организирање на игранки.






Рестораните и баровите што не го почитуваат здравствениот протокол, ќе бидат затворени, а според префектурата веќе  осум установи веќе се затворени.

Поврзани содржини