Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 932 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 76 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 98, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 37, Кавадарци 57, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корон вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, наведено е таму, е 1528 и има околу 550 празни болнички кревети во ковид центрите.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти Министерството за здравство.