Во болниците се лекуваат 298 ковид пациенти
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 6 пациенти, а вкупно се лекуваaт 128 болни сомнителни и потврдени за ковид 19.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 6 пациенти, а вкупно се лекуваaт 128 болни сомнителни и потврдени за ковид 19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 9 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 128 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало 2 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17 оздравени пациенти.
Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58 пациенти.
Вкупно 128 пациенти потврдени и сомнителни за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.