Во болниците се лекуваат 1.368 пациенти, има 570 празни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

243

Вкупно 1.368 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 798 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.






Во Битола се хоспитализирани 110 пациенти, во Штип 70, Тетово 35, Велес 82, Куманово 93, Охрид 90, Прилеп 84, Гостивар 27, 19, Струмица 65, Кочани 32, Кичево 30, Кавадарци 43, Гевгелија 18.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 570 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 приеми, 13 на Инфективната клиника, во Козле бил примен еден нов болен, а двајца биле примени на Клиниката за детски болести. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 225 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 130 болни, на Клиниката за инфективни болести 144, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, на Клиниката за детски болести има 6 деца и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.

Поврзани содржини