Во болниците низ земјава се лекуваат 1.111 лица од ковид-19

Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

244

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.111, соопшти Министерството за здравство.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 97 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 17 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот- информираат од Здравство.





Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Поврзани содржини